Политика на приватност

tl;dr:

Собираме секакви информации за вашето користење на сајтот, но тие информации се агрегираат заедно со информациите собрани од другите корисници. Ова ни е потребно за да имаме увид во користењето на сајтот. Никогаш нема да употребиме информации кои можат да ве идентификуваат лично за ништо друго освен за да воспоставиме контакт со вас.

 

1.Собирање на податоци

 

За да пребарувате информации на Time.mk Настани не се потребни никакви информации за лична идентификација.

Во таков случај Time.mk Настани собира само ограничен број на податоци кои не ве идентификуваат лично, а кои вашиот пребарувач ги овозможува секој пат кога посетувaте некоја веб страна. Тука спаѓаат вашата IP адреса, типот на пребарувачот, јазикот на пребарувачот, времето и датумот на вашето пребарување и колачиња (coookies). Овие информации ги користиме за равој и подобрување на нашите услуги.

 

За да додавате настани и локации потребно е да регистрирате сметка. Time.mk Настани во тој случај бара од вас податоци за лична идентификација, со цел да се креира вашата сметка, и тие информации ќе и употребиме исклучиво за да ве контактираме Вас.

 

Во случаите кога бараме информации за лична идентификација, секогаш ве информираме кои од тие ќе бидат јавно достапни на Сервисот, а кои се само за наша употреба.

 

Покрај податоцоте за лична идентификација кои ни ги оставате кога се регистрирате на сервисот, ја чуваме и содржината која ја поставувате. Кога креирате некој настан, додавате локација или кога оставате коментар содржината станува јавно достапна. Таа може да ја види секој и Time.mk Настани нема контрола на тоа како оваа содржина ќе биде искористена. Поради тоа ве молиме размислете добро пред да оставите било какви информцаии за лична идентификација јавно достапни.

 

Facebook

Доколку одлучите да го поврзете вашиот Facebook профил со профилот на Time.mk Настани, ќе имате можност да:

  • Се логирате на Time.mk Настани користејќи го вашиот Facebook профил.
  • Автоматски да го поставите вашиот настан и на Facebook од вашиот профил или некоја од Facebook страните кои ги администрирате.

Time.mk Настани нема да превземе никаква акција во ваше име без ваша дозвола. Привилегиите кои ги бараме од вас за контрола врз вашиот Facebook профил ќе ви бидат јасно прикажани од страна на Facebook пред да ги поврзете профилите.

 

2. Споделување на информации

Time.mk Настани не ги изнајмува или продава вашите информации за лична идентификација на други компании или лица. Податоците кои се означени како јавни (јавен email и јавен телефон) ќе бидат истакнати на сајтот. Со пополнување на овие незадолжителни полиња сметаме дека се согласувате тие да бидат јавно истакнати.

Го задржуваме правото за неограничена употреба и споделување на било кои податоци кои не ве идентификуваат вас лично. Овие податоци се користат за анализа на посетеноста на сајтот.

 

3. Безбедност на информациите

Превземаме посебни мерки за заштита од неовластен влез или неовластено менување, откривање или уништување на податоците. До вашите податоци за лична идентификација единстевно имаат пристап администраторите и програмерите на нашиот Сервис.

 

4. Линкови

Time.mk Настани содржи линкови до други веб страни. Ние не сме одговорни за политиките за приватност кои се применуваат на нив.

 

5. Промена на Политиката за приватност

Го задржуваме правото на промена на оваа политика на приватност. Доколку имате дополнителни прашања во врска со приватноста можете да не контактирате на nastani@time.mk.