Што е Time.mk Настани
Time.mk Настани е страница за пребарување на најразлични настани кои може да ги посетите во вашиот град. Има избор од повеќе категории зависно од вашата сфера на интерес, меѓу: културни и забавни настани, односно едукација, саеми, промоции и пресконференции.
Идејата за Time.mk Настани се појави како логичен и последователен чекор по успешната три годишна организација на дневните вести. Настаните прикажани на Time.mk Настани се внесувани од страна на самите организатори, исто како што вестите на Time.mk се креирани од медиумите кои ги агрегираме. Токму поради тоа веруваме дека информациите на Time.mk Настани ќе бидат комплетни и автентични.
Главниот водич на Time.mk е девизата дека „под повеќе информации се подразбира поголем избор, поголема слобода и во крајна линија поголема моќ“. Тоа право сака да го задржи и Time.mk Настани со цел да им обезбеди на своите корисници брз пристап до голем број на настани кои ќе им овозможат квалитетно да го поминат своето слободно време.
Ако вашите активности вклучуваат организирање на јавни настани, може да не исконтактирате на nastani@time.mk или директно да се регистрирате на http://nastani.time.mk/register.
