40-ти Мајски Оперски Вечери

Култура Фестивали
+

Во рамките на годинешните Јубилејни 40-ти по ред Мајски оперски вечери ќе се одржат шест претстави од кои пет оперски и една балетска претстава. На репертоарот се претставите кои години наназад го привлекуваат вниманието на љубителите на оперската уметност. Тоа се претстави од „железниот репертоар“ на МОБ и се најпосакувани и најпосетени претстави од основањето на операта на Македонскиот народен театар (денешен МОБ).

Мајските оперски вечери, како и секоја година така и оваа, ќе започнат на 09.05.2012 (среда) со почеток во 20 часот со премиерата на „Травијата“ од Џ. Верди. Диригент е Норман Виџаја (Индонезија). Претставата е во сосема нова режија, сценографија и костимографија. Режисер е Нина Најденова, сценограф е Борис Стојнов и костимограф е Цветанка Стојнова. Кореограф е Борјана Сечанова , сите од Бугарија. Во соработка со Министерството за здравство и Институтот за белодробни заболувања и поддржани од Глобалниот фонд за борба против хив, сида, туберкулоза и маларија, средствата од продадените билети од оваа претстава ќе бидат наменети за унапредување на условите за лекување на Институтот за белодробни заболувања.

На 13.05.2012 (недела) со почеток во 20 часот ќе се изведе операта „Турандот“ од Џ. Пучини во режија на Кузман Попов (Бугарија), сценографија на Зоран Николовски и костимографија на Марија Пупучевска. Во главните улоги ќе настапат Ирина Гордеи (родена во Белорусија и солист во Марински театар) во улогата на Турандот, Руди Парк (Јужна Кореа) во улогата на Калаф, Адриана Јоциа (Италија)во улогата на Лиу, Владимир Саздовски во улогата на Тимур, Нико Исаков (Бугарија) во улогата на Пинг, Георги Динев (Бугарија) во улогата на Панг и Дејан Стоев во улогата на Понг. Диригент на претставата е Алесандро Д’Агостини (Италија).

На 18.05.2012 (петок) со почеток во 20 часот ќе се изведе балетската претстава „Лебедово езеро“ од П.И.Чајковски. Кореографијата е на Виктор Јеременко (Украина) со сценографија на Андреј Злобин (Украина) и костимографија на Гана Ипатиева (Украина). Во главните улоги на Одета/Одилија и принц Зигфрид ќе настапат брачниот пар Јана Саленко (Украина)и Мариан Валтер (Германија) солисти на Staatsoperа Берлин и во улогата на Ротбард е Дмитро Чеботар (Киев балет, Украина). Диригент на претставата е Најден Тодоров (Бугарија).

Операта „Тоска“ ќе се најде на МОВ на 22.05.2012 (вторник) со почеток во 20 часот. Диригент е Оливер Балабурски. Режијата е на Огњан Драганов (Бугарија). Сценографија на Зоран Николовски и костимографија на Марија Пупучевска. Во насловната улога ќе настапи Надја Веѕу од Италија, во улогата на Каварадоси ќе настапи Иван Момиров (Бугарија) и во улогата на Скарпија е Нико Исаков (Бугарија).

Операта „Војвотката на чардашот“ од Емерих Калман оваа година ќе се најде на репертоарот на МОВ по повод добиената награда за најдобра опера на годината на манифестацијата „Златна

бубамара на популарноста“. Претставата ќе се изведе на 25.05.2012 (петок) со почеток во 20 часот. Во главните улоги ќе настапат Благица Поп Томова во улогата на Силва Вареску, Ѓорѓи Цуцковски во улогата на Едвин, Катерина Стојановска во улогата на Контеса Штази и Дејан Стоев во улогата на гроф Бони Канчиану. Претставата е во режија на Урсула Хорнер Диригент е Бисера Чадловска. Кореографијата е на Саша Евтимова.

Затворањето на МОВ традиционално се изведува со операта „Аида“ од Џ. Верди на 31.05.2012 (четврток) со почеток во 20 часот. Во главните улоги ќе се најдат сопранот Гвинет-Ен Џеферс (Велика Британија) во улогата на Аида, Фредерика Брилембург (САД) во улогата на Амнерис, во улогата на Радамес е тенорот Леонардо Грамења (Италија) и Игор Дурловски во улогата на Рамфис. Во улогата на Фараон е Владимир Саздовски и во улогата на Амонасро-Џанфренко Монтрезор од Италија.
Диригент е Оливер Балабурски. Режисер е Дејан Прошев, сценограф Зоран Костовски и костимограф Елена Дончева. Кореографијата е на Снежана Филиповска.

Оваа година, Македонската опера и балет им излегува во пресрет на своите посетители и во поглед на цената на билетите за овие Мајски оперски вечери. МОБ оди под мотото „Направи свој пакет, избери и заштеди!“. Публиката ќе има можност за избор и резервација на пакет од билети за претставите по поефтина цена од регуларната. За сите претстави вклучувајќи го и отворањето со „Травијата“ цената на билетите е 1000, 800 и 600 денари (ВИП, партер и галерија) додека за преставата „Војвотката на чардашот“ е 600, 500 и 400 денари (ВИП, партер и галерија).
Во поглед на ова, на посетителите им се нуди можност сами да си направат пакет на билети (од две, три, четири,пет или сите шест претстави) и со тоа да добијат одреден попуст на пакетот.

Информации
Датум
Завршен
Трае до Сре, 09 Мај 2012
Во 20:00

Сите претстави почнуваат во 20:00 часот

Локација Организатор
Цена
800.00 ден.

Оваа година, Македонската опера и балет им излегува во пресрет на своите посетители и во поглед на цената на билетите за овие Мајски оперски вечери. МОБ оди под мотото „Направи свој пакет, избери и заштеди!“. Публиката ќе има можност за избор и резервација на пакет од билети за претставите по поефтина цена од регуларната. За сите претстави вклучувајќи го и отворањето со „Травијата“ цената на билетите е 1000, 800 и 600 денари (ВИП, партер и галерија) додека за преставата „Војвотката на чардашот“ е 600, 500 и 400 денари (ВИП, партер и галерија).
Во поглед на ова, на посетителите им се нуди можност сами да си направат пакет на билети (од две, три, четири,пет или сите шест претстави) и со тоа да добијат одреден попуст на пакетот.

Веб Facebook